Македонија У17 на тест против Црна Гора, Милеска го објави списокот!

425

Младата женска репрезентација на Македонија до 17 година на 21 и 23 февруари ќе одигра два контролни натпревари против соодветната селекција на Црна Гора, истите ќе ќе бидат на центарот „Петар Милошевски”, во Скопје.

Првиот меч помеѓу Македонија и Црна Гора на програмата е на 21 февруари со почеток од 13. часот. Два дена подоцна се игра втората средба, со почеток од 11. часот.

Селекторот на младата женска селекција на Македонија до 17 години, Катерина Милеска за претстојниот предизвик се одлучи да ги повика следните фудбалерки:

Голмани: Мери Васева, Ведрана Комненова;

Одбрана: Мила Панева, Слаѓана Ѓорѓиева, Катерина Петкова, Ива Јовановска, Михаела Марковска, Кристина Крстева, Елена Љондевска;

Среден ред: Васка Василева, Никица Трендова, Теона Галабовска, Ангела Димчова, Рона Рустеми, Ева Величковска, Ангела Димчова, Рона Рустеми, Ева Величковска, Ана Боризоска;

Напад: Меланија Грозданова, Анастасиа Илиевска, Јована Павловска, Емили Митковска, Настасја Накова, Мелиса Димитриоска, Хана Бафтиари;

ПретходноЛејсон Зеќири сепак ќе игра за Македонија, Јончевски го поведе за Словачка и Норвешка!
СледноРасел Вестбрук останува во Калифорнија!