Мурињо не е желба на челниците на ПСЖ, туку Тухел!

218

Иако имаше информации дека главен кандидат за клупата на ПСЖ е Жозе Мурињо, се чини дека челниците на овој клуб се одлучиле за друг тренер.

Раководството на ПСЖ наводно е подготвено да ги признае сите свои грешки и да се обиде како тренер да врати човек кој веќе работел во овој клуб, а тоа е Томас Тухел.

Сите во тимот од Париз се фрустрирани од резултатите кои моментално ги постигнува Галтие, па затоа се подготвени да се разделат со него.

ПСЖ во неделата на петнаесетина минути пред крајот на натпреварот имаше негатива на домашен терен против Лил, но со головите на Мбапе и Меси во судиското надополнување успеа да го сврти резултатот и да оствари победа.

Преседан беше потегот на спортскиот директор Луис Кампос, кој реши на половина час пред крајот на натпреварот да слезе од трибините и да го води натпреварот.

Сите беа изненадени од овој потег бидејќи Галтие седна на клупата и немо гледаше се, додека Кампос викаше покрај линијата и го предводеше тимот.

Кампос е свесен дека ќе му биде тешко да го убеди Тухел да се врати во ПСЖ, но како што пренесуваат француските медиуми тој би можел да се врати поради него.

Исто така Тухел, наводно, доколку се согласи да се врати, би побарал одредена сигурност во фактот што клубот да го заштити од моќта што ја имаат одредени играчи.

Тухел се уште е без работа, а последната работа му беше во Челзи, кој го отпушти во септември минатата година.

ПретходноАмерикански водител удри жестоко по Јокиќ: Ако се уште мислите дека е најдобар…
Следно„Л’Екип“ ја откри конечната одлука на Меси за ПСЖ!