Во Франкфурт е лудо. Поголема група навивачи на Ајнтрахт Франкфурт предизвика големи нереди во градот пред вечерашниот меч со Наполи, што доведе и до девет апсења непосредно во пресрет на мечот.
Според пишувањата на неколку агенции, во неколку делови од градот се случиле одвоени инциденти во кои домашните хулигани нападнале навивачи на Наполи.
Станува збор за девет таканаречени хулигани на кои освен што беа уапсени, им биле одземени „боксирачи“ и маски за лице. Според полицијата, станува збор за лица однапред познати на органите на редот, а уште 22 навивачи биле повикани на разговор во станица.
Вчера група од 10-15 насилни навивачи на Франкфурт нападнале тројца приврзаници на Наполи удирајќи ги со тупаници пред бар во областа Заксенхаузен.