Пелистер убедливо поразен во Берлин, Мотор – последна шанса за Top16!

198

Пелистер го запиша петтиот пораз во Европската лига, откако на гостувањето кај фаворитот Фуксе Берлин беше совладан со 34-25 во претпоследното коло од групната фаза во ова натпреварување. Битолчани и натаму не се сигурни учесници во следната фаза, за тоа ќе одлучат на домашен терен против Мотор. Реми ќе биде доволно за потврда на четвртото место на табелата, бидејќи украинскиот тим пет бода, еден помалку од македонскиот вицепрвак.

Васиљев и Костески беа стрелци на по пет гола, на другата страна Гидсел имаше шест, еден помалку запиша Вујовиќ.

Битолчани беа рамноправен противник на почетокот на мечот, поведоа со 0-1, па 2-4, по што бундес-лигашот со серија од 4-0 поведе со 6-4. Пелистер изедначи, па повторно застана, нови пет голови во низа во мрежата значеа негатива од 11-6. Најголемата предност Фуксе Берлин во овој период ја имаше на одморот 18-12.

Во второто полувреме, Фуксе Берлин не остави простор за евентуален кам-бек на Пелистер, позитивата од шест гола до 43 минута, кога Колмар зголеми на 22-15. На стартот на последните десет минути домаќинот со дел од резервите зголеми на 28-18. Марсениќ со неверојатен погодок зголеми на 31-19.

Пелистер следниот вторник на домашен терен го пречекува Мотор на домашен терен, во мечот да се биде или не.

ПретходноЛШ ПОЛУВРЕМЕ: Алисон и Куртоа подарија по еден гол, Реал се врати од 2:0 (ВИДЕО)
СледноЛОИ Париз 2024: Распродадени билетите за мечување, брејкденс, скејтборд…