Поранешниот тренер на Валенсија и Ватфорд ќе го вади Лидс од „калта“

129

Лидс Јунајтед бележи слаби резултати сезонава и по 23 одиграни кола е на 19-тата позиција на табелата со 19 освоени бодови или два помалку од сигурната зона. Па така Џеси Марш доби отказ, а нов тренер на екипата е шпанскиот стратег Хави Грасија.

Тој претходно ја водеше Валенсија во Шпаниа и Ватфорд во Англија, работеше една сезона во Ал Сад, една сезона во Рубин Казан, беше во Керкира… речиси секаде по една сезона.

Грасија еднаш се најде во ваква ситуација кога го презема кормилото на Ватфорд во јануари 2018 година и тогаш успеа да го спаси тимот од испаѓање. Го предводеше Ватфорд до финалето на ФА купот и доживеа дебакл од Манчестер Сити (6:0).

Од Лидс соопштија дека со Грасија потпишале „флексибилен договор“ не прецизирајќи детали.

 

ПретходноАпсурдна ситуација: Голманот на Њукасл ќе добие медал во Купот само ако неговиот тим изгуби
СледноДе Лаурентис: Скудето? Поважно ми е да ја освоиме ЛШ