Легендата на Ливерпул, Стивен Џерард се поврзува со сензационално позиционирање на клупата на францускиот шампион Пари Сен Жермен.
Поранешниот капитен на „црвените“ моментално е без работа откако во октомври доби отказ од Астон Вила. 42-годишниот екс-фудбалер на „црвените“ помина 11 месеци на чело на клубот од Премиерлигата, пред да биде отпуштен и да биде заменет од Унаи Емери.
Џерард претходно помина повеќе од три години на чело на Ренџерс. За време на неговиот престој во Шкотска, иконата на Ливерпул ја освои шампионската титула за клубот од Глазгов во 2021 година, ставајќи крај на серијата на Селтик од девет последователни триумфи во Премиерлигата.
Во информациите се наведува дека ПСЖ е заинтересиран Џерард да стане менаџер на клубот на местото на актуелниот тренер Кристоф Галтие кој е под притисок во францускиот клуб и може да биде разрешен во блиска иднина.