Шпанскиот напаѓач Феран Торес минатата година дојде во Барселона од редовите на Манчестер Сити за 55 милиони евра, но во последно време не игра поради лошата форма. Тој увидел дека не е вистинскиот па побарал помош од психолог.
„Се чувствував како да сум паднал во дупка без дно. Никогаш претходно не сум бил во ваква ситуација. Му ветив на Чави дека ќе се вратам посилен од претходно. Еднаш или два пати неделно одам на психолог. Подобро е сега. Ми помогна и фамилијата и добро е што сум во здрава средина“, заклучил Торес, пренесува La Vanguardia.