Хакан Балта посвои девојче кое остана сирак по земјотресот во Турција

406

Хакан Балта, турската фудбалска легенда која за тимот на Галатасарај одигра преку 300 мечеви, ја воодушеви јавноста во Турција, која што како што сите знаеме е погодена и се опоравува од  разорниот земјотрес што се случи пред десетина дена. Истиот однесе преку 40.000 жртви, меѓу кои и апсолутно целото семејство на малата, десетгодишна Хилал. Преку седумдесет членови од нејзиното потесно но и пошироко семејство загинаа во страпшниот земјотрес, жители на градот Хатај, а и самата таа беше спасена по деведесет часа минати под урнатините.

Балта и неговата сопруга Дерја решија да ја посвојат Хилал и да се грижат за неа се додека не стане полнолетна.

„Кога ја запрашав што сака да и донесам, рече дека само сака супа и сутлијаш каков што правела мајка и. Се потрудив да направам ист иако за Хилал секогаш ќе има само една мајка“ – изјави сопругата на Балта, Дерја.

 

 

ПретходноПромоција на „Прирачник за кошаркарско судење“ од Милојевиќ и Мијалковски!
СледноАпсурдна ситуација: Голманот на Њукасл ќе добие медал во Купот само ако неговиот тим изгуби