Американски водител удри жестоко по Јокиќ: Ако се уште мислите дека е најдобар…

1537

Српскиот кошаркар Никола Јокиќ едвај чекаше да заврши целата врева околу Ол-старовите бидејќи не ужива премногу во вакви настани, па дури и неговите колеги од НБА знаеја дека е подобро да го „прескокнат“ додека се делат во два тима. Но тоа што беше 13-то прасе и не се обиде во играта на суперѕвездите, други го искористија за да го оспорат неговиот напад на третата МВП наградата.

Американскиот водител Џош Рејнолдс веќе подолго време го критикува Никола Јокиќ и неговите игри, секогаш наоѓа причина зошто Србинот не е „најдобар на светот“, а сега тоа го виде и на Ол-стар.

„Видете… Ол-стар викенд е, тука сме да се забавуваме. Но, ако го гледате овој натпревар и навистина мислите дека Јокиќ е најдобриот играч во НБА, имате голем проблем“, напиша Рејнолдс на својот Твитер.

ПретходноПознато е кој ќе ја добие наградата „The Best“ на ФИФА!
СледноМурињо не е желба на челниците на ПСЖ, туку Тухел!