Апсурдна ситуација: Голманот на Њукасл ќе добие медал во Купот само ако неговиот тим изгуби

527

Викендов во Англија ќе се одигра финалето на Лига купот помеѓу Манчестер Јунајтед и Њукасл. Мечот е закажан за во недела со почеток од 17:30 часот. Њукасл се најде во голмански проблеми затоа што првиот голман Ник Поуп е суспендиран поради црвениот картон во лигашкиот меч против Ливерпул, додека другиот голман Мартин Дубравка нема право на настап. Па така меѓу диреците ќе застане неславниот Лорис Кариус.

Интересно, Мартин Дубравка сега е голман на Њукасл. Тој нема да го игра финалето, но има шанса да стане освојувач на Лига купот и тоа ако неговиот тим изгуби!

Имено, словачкиот голман во првиот дел од сезоната беше на позајмица во Манчестер Јунајтед каде бранеше на натпреварите од Лига купот, па затоа нема право да игра за друга екипа во истото натпреварување.

Ако победи Манчестер тогаш и тој ќе си освои медал, а ако победи Њукасл тој нема да добие медал.

 

ПретходноХакан Балта посвои девојче кое остана сирак по земјотресот во Турција
СледноПоранешниот тренер на Валенсија и Ватфорд ќе го вади Лидс од „калта“