Аспиликуета е пуштен од болница, наскоро се враќа на тренинг

164

Дефанзивецот и капитен на Челзи, Сезар Аспиликуета е пуштен од болница откако доби потрес на мозокот на натпреварот против Саутемптон во Премиер лигата викендов.

Аспиликуета падна на земја на драматичен начин кога беше удрен со нога во лицето. Му помогнаа соиграчите и лекарите, а по десетминутна интервенција, носејќи маска за кислород, мораше да го напушти теренот.

На почетокот не беше јасно колку е лошо, но брзо се покажа дека Шпанецот бил свесен и разговарал со својата сопруга.

„Медицинскиот штаб на клубот внимателно ја следи состојбата на Сезар и ги следи важните протоколи за потрес на мозокот кои се на сила за да се осигура неговата безбедност. Сезар присуствуваше на тренинг денеска, но наскоро ќе почне да работи за враќање на теренот“, објавија лондончани.

ПретходноМанчестер Јунајтед треба да го донесе Турам, а не Маунт
СледноЛШ ПОЛУВРЕМЕ: Алисон и Куртоа подарија по еден гол, Реал се врати од 2:0 (ВИДЕО)