По завршувањето на вториот и последен тренинг во СРЦ „Кале“ во Скопје, селекторот Александар Јончевски го одреди и конечниот список на 12 кошаркарки ќе трргнат на пат за Словачка и за Норвешка.
Селекторот Јончевски се определи за скоро истиот состав кој ги одигра последните два натпревари, оние против селекциите на Данска и на Норвешка кои беа дел од ноемврискиот „прозорец“ нa ФИБA, одиграни во Гевгелија.
Ново име во ростерот на „црвено-жолтите“ е кошаркарот на Сигал Приштина, Лејсон Зеќири.
Високото крило ќе ги чека своите први минути во сениорскиот национален тим на средбите со Словачка закажана за 23. февруари, во Левице, и против репрезентацијата на Норвешка, натпревар кој е предвидено да се игра на 26. ноември (недела), во Осло.
За решавачките средби од „Д“ групата од претквалификациите за ЕП 2025, селекторот Јончевски смета на следните кошаркари:
Кристијан Николов (Коњаспор), Андреј Магдевски (Донар), Војдан Стојановски, Дамјан Робев, Бојан Крстевски (МЗТ Скопје Аеродром), Адем Мекиќ (Темишвар), Ти-Џеј Шортс (Телеком Баскет Бон), Теодор Симиќ (Игокеа), Стојан Ѓуроски (Оуренсе), Лејсон Зеќири (Сигал Приштина), Андреј Маслинко (Пелистер), Страхил Николов (ТФТ).