Дојавите за бомби во јавните институции, средните и основите училишта во Македонија продолжуваат. Денеска стигнала нова дојава за бомба во Фудбалската федерација на Македонија, па сите вработени се веќе надвор.
Се чекаат детални проверки од тимови за антитероризам.
Веќе долго време во нашата земја се создава немир меѓу граѓаните бидејќи покрај федерациите, на мета на дојави на бомби се училиштата, но и главните трговски центари во Скопје.