ЛШ – 1/8 финале: Интер на мегдан со Порто, Сити ја брани честа на Премиерлигата!

120

Вечерва од 21 часот закажани се двете последни средби од првите мечеви од 1/8 финалето во Лигата на Шампионите. Во Милано на “Џузепе Меаца“, домашниот Интер ќе го дочека Порто, додека во Лајпциг, составот на Ред Бул Лајпциг ќе ги одмери силите против Манчестер Сити.

Во таборот на италијанскиот гигант не кријат дека посакуваат пласман во следната фаза, најмалку во 1/4 финалето. Тимот на Симоне Инзаги има квалитет да ја мине пречката која се вика Порто, но треба да се знае дека реваншот се игра на „Драгао“, а таму се е можно.

Image

На вториот меч во Лајпциг, “граѓаните“ ја бранат честа на Премиерлигата. Имено сите клубови од најсилната лига во светот во оваа фаза се поразени на првите мечеви. Тотенхем од Милан, Челзи од Дортмунд и вчера Ливерпул од Реал Мадри.

Јасно е дека Сити во во овој двомеч влегува со предност, но сепак треба да се знае дека Германците имаат тим за изненадување, посебно на првиот меч вечерва.

ПретходноВан Дајк: Нашата задача е речиси невозможна, ние не сме роботи
СледноСпалети: Најголемата грешка ќе биде ако мислиме дека се е готово