Македонскиот лев бек Езџан Алиоски дојде во Фенербахче со големи очекувања, меѓутоа не успеа да се наметне и не е стандарден во тимот. Тој во Фенер игра како позајмен од Ал Ахли, но сигурно ќе ги напушти „канаринците“. Се зборува за враќање во Ал Ахли, меѓутоа може да се случи тој да остане во турската Супер лига затоа што друг клуб се интересира за него.
Турски „Фотомеч“ пишува дека Истанбулспор е загреан да го види Алиоски во своите редови. Изданието пишува дека овој клуб сака да го позајми до крајот на сезоната со опција тој да остане и наредната сезона.
Истанбулспор се бори за опстанок, моментално е претпоследен со 21 бод, бод помалку од првата екипа што е над опасната зона.