Во првиот осминафинален натпревар од Лигата на шампионите, Реал Мадрид го декласираше Ливерпул на „Енфилд“ со 5-2.
Еден од најдобрите на теренот беше 37-годишниот Лука Модриќ, Карло Анчелоти го пофали Модриќ, но и го истакна проблемот во пресрет на мечот.
„Кога бевме во неволја, кога беше најтешко, Модриќ не извлече. Лука е секогаш ваков. Ова е најдобриот Модриќ што можеме да го гледаме. Тој беше клучен за оваа победа. Луѓето не сфаќаат колку се важни најстарите играчи. Модриќ, Бензема и Крос го предводеа целиот тим“, рече Анчелоти па продолжи:
„На почетокот на мечот имавме проблем на левата страна бидејќи побарав од Лука Модриќ повеќе да го притиска Фабињо и ја отворивме таа страна за противникот. Винисиус исто така беше многу напред и имаше отворен простор за нив. Потоа, работата ја завршија Начо и Валверде. Во вториот дел бевме многу подобри. Начо одработи како што треба, исто како и секогаш. Тој одговара позитивно на било која позиција, како стопер или како бек. Тоа е така бидејќи е еден од најинтелигентните дефанзивци кои ги имам видено. Во вториот дел комплетно го решивме проблемот по левата страна“.