Бензема: Сакаме повторно да ја освоиме Лигата на шампионите

110

Напаѓачот на Реал Мадрид, Карим Бензема беше еден од херојите во демолирањето од 2:5 на Ливерпул на „Енфилд“ во првиот натпревар од осминафиналето во Лигата на шампионите. Французинот постигна два гола, а по мечот изјави дека сите во тимот сакаат повторно да го подигнат трофејот на турнирот.

„Ова беше важна вечер за нас и сакам да му ја посветам оваа победа на починатиот почесен претседател Амансио. Тоа е за него. Игравме со карактер, постигнавме многу голови и покажавме дека сакаме повторно да ја освоиме Лигата на шампионите. Така го добивме овој прекрасен натпревар кој беше убав за нас на теренот и за луѓето што го гледаа. Да, лошо го започнавме натпреварот, знаевме дека навивачите на Енфилд ќе не стават под притисок. Ова е вистинско лице на Реал Мадрид. Фудбалот на ова ниво е тежок. Тие почнаа подобро, но ова беше голем натпревар и ние бевме подготвени за тоа“, рече Бензема.

 

ПретходноНовак Ѓоковиќ: Не знам до кога ќе играм тенис, посакувам финале против Надал на Ролан Гарос!
СледноРаботнички се засили со Американецот Ајзеа Умипиг!