По ова се гледа дека Манчестер Јунајтед и натаму е негов клуб. Секако дека тука мислиме на сер Алекс Фергусон, иконата на клубот од “Олд Трафорд“. Па така во пресрет на важните мечеви на Јунајтед, прво утрешниот возвратен дуел со Барса во ЛЕ, Ерк тен Хаг и Алекс Фергусон вечераа заедно во еден ресторан во Манчестер.
Очигледно е дека и двајцата многу не ги интересираше тоа како Реал го “масакрира“ Ливерпул среде „Енфилд“.
Дека имале интересен разговор во текот на вечерата, тоа денеска на пресот го потврди и актуелниот стратег Тен Хаг.
“Тој сака да помогне. Сака да биде поддршка. Сака да бидеме добри, според мене тоа беше убава вечера“ рече Холанѓанецот.