Еден од најдобрите кошаркари на светот Лука Дончиќ беше дел од ол стар викендот секако кој не донесе такво возбудување како што се очекуваше. Главниот настан, мечот по помеѓу истокот и западот беше по малку здодевен, а Дончиќ одигра само дваесетина минути од мечот иако беше стартер.
По завршувањето на целото шоу, сите заминаа на заслужен краток одмор, затоа што тоа секогаш и се случува во НБА лигата по ол стар викендот.
Дончиќ одлучи да се врати речиси дома, на Балканот поточно во Хрватска. На ексклузивниот остров Крк, каде што очигледно ќе проба да ги „наполни батериите“ за продолжението од напорната сезона.