Зарем е можно? Зарем Реал Мадрид ќе ја брани или ја брани Барселона, ќе го штити својот исконски ривал по повод големиот скандал кој ја „тресе“ каталонската гордост.
Сепак, се знае она, нема силен Реал Мадрид ако и Барса не е силна.
Па токму затоа “кралевите“ нема да дигаат врева околу скандалот во кој влезе Барса со наводно купување на услуги од некогашниот втор човек во судиската организација.
Имено не е тајна дека одредени клубови од Ла Лига, сакаат да се соберат потписи со цел, ако се докаже дека Барса е виновна и навистина купувала судии, тогаш по секоја цена клубот од “Камп Ноу“ да се исфрли од Ла Лига.
Некои клубови се потпишале на таа петиција, но не и Реал Мадрид. Јавноста во Шпанија е шокирана, но што би правел Реал Мадрид без Барселона во следната сезона во Ла Лига. Замислете да нема Ел Класико?
Знае што прави Флорентино Перез. Не дека тој многу ја обожува Барселона, но добро знае дека без силна Барса нема ни силен Реал.
Нели?