Во секој фудбалска земја си има најмалку по еден клуб, кој важи за гигант и кој ретко или никогаш не ги “плаќа“ своите сметки.
Е, во Германија таков клубе Баерн Минхен. Ова најдобро се гледа по казната што ја доби Јулиен Нагелсман по се она што го правеше на мечот со Менхенгладбах кога неговиот тим загуби со 2:3.
Иако вербално ги нападна судиите, иако им се дереше и урлаше, иако им упатуваше пцовки, нема казна за него. Иеко вообичаено е по вакви испади тренерите во Германија да се казнат со по 2-3 натпревари забрана на водење на тимот.
Сепак Нагелсман е казнет само парично и тоа со 50.000 евра, сума кој мора тој од својата сметка да ја плати.
Кога ја дознал казната Нагелсман јавно кажал дека нема проблем дека веднаш ќе ги плати тие 50.000 евра.
Ете, тоа е Баерн Минхен.