Никој не ја опиша разликата помеѓу Ливерпул и Реал како Анри

3160

Немаше најава дека кралскиот клуб ќе постигне пет гола во мрежата на Ливерпул во првиот осминафинален натпревар во Лигата на шампионите, но уште еднаш покажаа зошто се најдобриот тим на денешницата.

Ливерпул имаше два гола предност по првите 15 минути игра. Кралевите се вратија до крајот на првиот дел, а во продолжение приредија целосен пресврт.

Различните реакции по голманските грешки се разликата помеѓу Ливерпул и Реал Мадрид, барем според мислењето на Анри.

„Алисон направи грешка и Ливерпул не му помогна, додека сите во Реал му помагаа на Куртоа“, изјави Анри.

Во преостанатиот дел од мечот психолошкиот моментум беше на страната на кралевите, кои постигнаа уште три гола и целосно го уништија поранешниот шампион на Англија.

„Ова е крај на една ера во Ливерпул“, беше заклучокот на Анри по навистина неочекуваниот и тежок пораз од „црвените“.

Во последните неколку години Ливерпул загуби две финалиња во Лигата на шампионите од Реал, а вечерашниот пораз сигурно уште повеќе ќе ги потресе црвените.

ПретходноСите го тролаат Клоп: Каде е финалето? Во Истанбул? Резервирајте хотел!
СледноЃуроски: Можеме да ја исполниме целта, ако не верував немаше да бидам тука!