Денеска Новак Ѓоковиќ свика вонреден прес за медиумите во Белград на кој даваше исцрпни одговори на сите прашања кои му беа поставени.
Секако дека во преден план беше прашањето дали сега повредата е минато, по се она што му се случуваше на АО каде во Мелбурн дојде до својот 22 гренслем пехар.
„Немам ниту нерви ниту енергија да се занимавам со шпекулации. Самиот директор на турнирот во Мелбурн беше запознаен со мојата повреда, па така не симулирав, напротив. Видете, не сум целосно фит, но блиску сум, утре патувам за Дубаи“ посочи Новак.
Најдобриот светски тенисе говореше и за идните планови…
„Не знам до кога ќе играм тенис. Сеуште ја чувствувам таа глад за победи, за освојување на турнири. Не би сакал сега да говорам со која бројка на гренслем титули би се задоволил пред да се пензионирам. Што се однесува до настапот на УС опен уште го чекам одговорот од властите во САД, а за Ролан Гарос се знае, би сакал финале со мојот голем ривал Рафа Надал. Ние сме дедовци и настојуваме некој од помладите да не освои некој гренслем турнир“ рече покрај другото Новак Ѓоковиќ.