Летото 2021 година, казахстанскиот кревач на товар Игор Сон освои бронзен медал на Олимписките игри во Токио. Сега тој заедно со петмина други кревачи на товар паднале на допинг, а Сон добил најголема суспензија затоа што му е повторување на делото, пренесува Казахстанската федерација.
Сон е суспендиран осум години, но, сепак, нема да го загуби медалот од ОИ затоа што допинг-случајот е после Игрите, а за време на истите бил чист. Ова му е втор пат да паѓа на допинг затоа и казната е голема. Во 2015 година исто така бил позитивен на недозволени супстанции и бил суспендиран седум месеци.