Себаљос се пошегува со Куртоа: Каква асистенција, другар! (ФОТО)

413

Синоќа во спектакуларен меч во Лигата на Шампионите, Реал Мадрид со 2:5 успеа да го декласира Ливерпул и тоа среде „Енфилд“. Покрај фантастичната партија на “кралевите“, кои патем кажано губеа со 2:0, треба да се каже дека голманите на двете екипи примија пацерски голови.

Посебно оној на Куртоа по што Салах стрелаше за 2:0 за “редси“. Но по тие 2:5 сега никој не говори за киксој на Куртоа, напротив, сега е време за шега како што тоа го направи неговиот клупски колега Дани Себаљос.

Прво Куртоа напиша:

Големите тимови знаат да ги поправат своите грешки. Спектакуларна победа“ на што Себаљос напиша или одговори:

Каква асистенција, другар“.

Image

ПретходноРаботнички се засили со Американецот Ајзеа Умипиг!
СледноМаестро Лука Модриќ: Еве како “кралот“ вчера го шекна Ливерпул! (ВИДЕО)