Жереми Тото е еден од ракометарите кои беше кратко време во Скопје, поточно во дресот на Вардар. Сегашниот член на Нант во интервју за официјалниот сајт на ЕХФ издвои мал, но важен дел од деновите минати во Вардар. Тој испрати комплименти на адресата на Давид Дејвис.
„Во Плоцк начучив да бидам играч во напад. Во Вардар пак играв за тренерот Давид Дејвис, кој ми промени визијата за ракометот. Тој е еден од најдобрите тренери, се што правите на теренот е со причина, дури ако поставувате вашата нога или правите некој друг потег. Тој направи нов играч од мене“, изјави Тото.
Неговиот Нант е на четвртото место во групата Б во Лигата на шампиони.