Иако веќе се одигра едно коло од пролетниот дел, сепак како што е традција на „Спортмедиа“, и сега ќе се занимаваме со тоа колку пари, според „Трансфермаркт“, вреди нашата ПМФЛ или елитна лига, потоа кој клуб е најскап или највреден и кој од играчите има најголема цена.
Не е тајна дека вкупната цена на нашата ПМФЛ од сезоната во сезона е се помал, па така во пресрет на пролетниот дел таа изнесувала 37.780.000 евра или трипати помалку од еден Динамо Загреб кој вреди 97.300.000 евра. Значи сите наши клубови од елитата заедно вредат само една третина од цената на Динамо Загреб.
Кога сме кај клубовите, табелата можете да ја видат подолу, и натаму наш најскап клуб е Шкендија со 6.650.000 евра. Не така одамна, пред 5-6 години тетовци имаа цена од 10 милиони.
На второ место е Шкупи со 5.750.000 евра, односно сите играчи на шампионот заедно вредат, според „Трансфермаркт“, 5,7 милиони евра.
Следува Силекс, па Струга ТЛ…
Интересно, несфатлив пад бележи Работнички. Клубот кој минатата деценија од 2010 до 2020 година беше убедливо наш трет најдобар и најскап клуб, по Вардар и Шкендија, сега се наоѓа на десеттото место со вредност од само 2.530.000. А некогаш вредеше и до 8 милиони. Помалку вредни од Работнички се само Скопје и Победа.
ТАБЕЛА – КЛУБОВИ
1.Шкендија 6.650.000 евра
2.Шкупи 5.750.000
3.Силекс 3.960.000
4.Струга ТЛ 3.830.000
5.Македонија ЃП 3.110.000
6.А.Пандев 3.010.000
7.Тиквеш 2.950.000
8.Брегалница 2.790.000
9.Работнички 2.530.000
10.Скопје 1.800.000
11.Победа 1.420.000
ВКУПНО: 37.780.000
НИТУ ЕДЕН ИГРАЧ СО МИЛИОНСКА ВРЕДНОСТ
Што се однесува до играчите, тука и натаму на прво место е Љупче Дориев од Шкендија со 800.000 евра, до него е Фреди Алварез со истатат цена. Следуваат Бејтулаи, Адетунџи, Шаља…
Интересно е тоа, за разлика од порано, што во нашата елитна лига нема ниту еден што е со милионска вредност, барем да дојде до 1.000.000 евра.
Во првите десет најредни има петмина од Шкендија, тројца од Шкупи и по еден од Струга ТЛ и Силекс.
ТАБЕЛА – ИГРАЧИ
1.Љупче Дориев (Шкендија) 800.000
2.Фреди Алварез (Шкупи) 800.000
3.Егзон Бејтулаи (Шкендија) 700.000
4.Сандеј Адетунџи (Шкупи) 600.000
5.Аденис Шаља (Шкендија) 600.000
6.Наско Милев (Шкендија) 425.000
7.Хоган Укпа (Струга ТЛ) 400.000
8.Енур Тотре (Шкендија) 400.000
9.Марјан Ристовски (Силекс) 400.000
10.Да Силва Куевен (Шкупи) 400.000