Чави пред дуелот на Олд Трафорд: Тоа е испит кој треба да го положиме

233

Тренерот на Барселона, Чави Ернандез, е уверен во силата на неговиот тим пред гостувањето кај Манчестер Јунајтед во реваншот од плеј-оф рундата во Лигата на Европа. Во првиот меч пред една недела, двете селекции одиграа атрактивни 2:2 во Шпанија, што значи дека едната мора задолжително да победи во четврток навечер.

Ова е испит што треба да го полoжиме. Секој натпревар е важен, но овој е многу повреден бидејќи е против тежок противник на тежок стадион како „Олд Трафорд“. Сепак, ние се претставуваме добро и сме сигурни во нашите способности. Добро ни оди во шпанската лига, во полуфиналето сме на Копа дел Реј и сега треба да покажеме за што сме способни.

Ние сме Барселона и наша должност е да ги нападнеме сите пехари што ни се нудат. Во четврток вечер би можеле и да испаднеме од трката, што би било многу разочарувачки за нас. Ако се случи ова, ќе биде како да сме загубиле трофеј“, кажа тренерот Чави.

Сакаме да нападнеме и ако добиеме можност да играме на противничката половина, уште подобро. Целта е домаќините да се чувствуваат непријатно, што, сепак, бара од нас да вложиме страст и енергија. Во спротивно, самиот натпревар може да оди во продолженија и пенали, но тоа нема да ни го промени планот.

Ќе биде навистина тежок натпревар. Јунајтед е еден од најсилните тимови во Европа, што го докажува тоа со начинот на кој игра. Ова е најдобриот Манчестер Јунајтед во последните неколку години. Ова е плод на работата на Тен Хаг. Покажаа страст и карактер на Камп Ноу и сега ќе ни биде тешко. Касемиро, Варан и Рашфорд ја прават разликата, но уште поважно е дека Јунајтед е многу силен и како тим. Отсуството на Усман Дембеле, Педри и Гави е голем удар за нас, но имаме кој да ги замени.“, додаде стратегот на Барселона.

ПретходноМилијарди влегуваат во Бундеслигата и тоа само за 15% од ТВ правата!
СледноПретседателот на Струга ТЛ, Арбтрим Ќира денеска го следеше тренингот и им даде поддршка на играчите пред саботниот дуел со “лавовите“! (ФОТО)