Широки Бријег е домаќин на новиот АБА2-лига турнир!

138

Последниот АБА2-лига турнир од регуларниот дел од сезоната ќе се одигра во Широки Бријег. Ова ќе биде трет босански град кој ќе биде домаќин по Сараево и Бања Лука.

„Балонот“ во вторлигашката јадранска конкуренција е предвидено да се одржи од 6. до 12. март, а Пелистер токму во Широки Бријег ќе се обиде да завери место во Топ8. Битолскиот тим се наоѓа на седмата позиција, за противници ќе ги има екипите на Крка, Слова и Подгорица.

ТФТ со мали шанси, бидејќи е 10-ти на табелата, а ќе игра против Горица, Борац и Хелиос.

ПретходноИсланд е четвртата репрезентација која остана без селектор по СП!
СледноНатпреварувачката комисија во петок одлучува за случајот Гостивар