Освои бронза на ЛОИ во Токио, сега падна на допинг и е суспендиран на осум години!

144

Летото 2021 година, казахстанскиот кревач на товар Игор Сон освои бронзен медал на Олимписките игри во Токио. Сега тој заедно со петмина други кревачи на товар паднале на допинг, а Сон добил најголема суспензија затоа што му е повторување на делото, пренесува Казахстанската федерација.

Сон е суспендиран осум години, но, сепак, нема да го загуби медалот од ОИ затоа што допинг-случајот е после Игрите, а за време на истите бил чист. Ова му е втор пат да паѓа на допинг затоа и казната е голема. Во 2015 година исто така бил позитивен на недозволени супстанции и бил суспендиран седум месеци.

ПретходноКил го згасна сонот на Целје, Барса го демолира Пик Сегед!
СледноЛШ: Лукаку за победа на Интер, Лајпциг и Сити одиграа реми (видео)