Спалети: Најголемата грешка ќе биде ако мислиме дека се е готово

74

Тренерот на Наполи, Лучијано Спалети е воодушевен по победата од 0:2 над Ајнтрахт Франкфурт во првиот дуел од осминафиналето во Лигата на шампионите.

Италијанците направија важен чекор кон следната фаза, но стратегот останува внимателен и рече дека би било грешка неговите играчи да мислат дека дуелот е завршен.

„Тимот заврши одлична работа од самиот почеток, особено против тим кој знае тактички да ги поправи работите. Добро се поставувавме во средината. Моравме да одржуваме висок притисок и да ја контролираме топката. По двата гола доаѓаа напади, но на вакви натпревари се чувствуваме сигурно. Сега е важно да останеме смирени, многу смирени. Има и реванш. Нашата најголема грешка ќе биде да мислиме дека се е готово“,  – смета Спалети.

 

ПретходноЛШ – 1/8 финале: Интер на мегдан со Порто, Сити ја брани честа на Премиерлигата!
СледноНовак Ѓоковиќ: Не знам до кога ќе играм тенис, посакувам финале против Надал на Ролан Гарос!