Арсенал го прави Сака еден од најдобро платените играчи во тимот

182

21-годишниот Букајо Сака е на добар пат да потпише нов договор со Арсенал. Откако наскоро ќе влезе во последната година од договорот, веќе има понуда на маса и наскоро треба да стави потпис на новиот подобрен договор.

„Дејли мејл“ пишува дека Сака е подготвен да стави параф на нов договор што ќе му даде дополнителни над 10 милиони фунти годишно, со неделната плата од над 200.000 фунти. Ваков договор ќе го направи крилниот напаѓач еден од најдобро платените играчи на клубот.

Должината на новиот договор се уште не е позната.

ПретходноЦветановска 86., Јада и Дамјановски со пласман на 108. и 111. место на спринт-класик
СледноБританската влада ќе формира тело за зачувување на историската вредност на фудбалските гиганти