Динамо Букурешт го завери своето место во Топ 16 фазата во Лигата на шампиони. Романскиот тим во претпоследниот меч од групната фаза славеше против Гог со 30-27. Ова беше дуел на двајца конкуренти за четвртото место на табелата.
Поранешниот вардарец, Анте Кудуз беше лидер во редовите на Динамо, зад своето име запиша девет гола од 13 обиди, зад него беше Кашпарек со шест погодоци.
ПСЖ го задржа лидерското место во истата група А, ја оправда фаворитската улога на гостувањето кај Висла со 26-32. За избраниците на Раул Гонзалес ова беше 11 триумф оваа сезона, има 22 бода, четири помалку од Магдебург, па групната фаза ќе ја заврши како лидер.
Порто на Никола Митревски на гостувањето кај Веспрем беше поразен со 32-30. За португалскиот тим ова беше 10 пораз оваа сезона и се наоѓа на последното место на табелата, додека Веспрем се изедначи со Магдебург на второто место. Македонскиот репрезентативен голман имаше една одбрана.