КЛ: Тричко и АЕК Ларнака во осминафинале, шок за Партизан во Белград (ВИДЕО)

104

АЕК Ларнака на нашиот Иван Тричковски успеа да извади реми без голови на реванш мечот против Днипро и поради победата на првата средба од 1:0 да се пласира во осминафиналето на УЕФА Конференциската лига. Вечерва на гостувањето во Кошице, кипарскиот тим успеа да издржи без примен гол, а нашиот Тричковски остана на клупата и не доби шанса да влезе во игра.

Вечерва најголемото  разочарување го приреди белградски Партизан, кој по победата од 1:0 на првиот меч на гости против Шериф Тираспол, дозволи пред свбоја публика за биде поразен со 3:1 и со тоа да доживее елиминација од европските купови.

Италијански Лацио по рецептот на АЕК Ларнака одигра 0:0 на гости кај Клуж и ги одбрани оние 1:0 од првиот меч кој го носат во следната фаза.

Дополнителните минути решаваат за последниот патник во осминафиналната рунда, откако Андерлехт славеше со 2:1 над Лудогорец, па поради минималните 1:0 за Бугарите во првиот меч се играат дополнителни 30 минути.

ПЛЕЈ-ОФ, КОНФЕРЕНЦИСКА ЛИГА

Андерлехт – Лудогорец 2:1 (0:1)

Днипро – АЕК Ларнака 0:0 (0:1)

Клуж – Лацио 0:0 (0:1)

Партизан – Шериф Т. 1:3 (1:0)

ПретходноТри гола за Кузмановски во новиот пораз на Вецлар!
СледноЦветановска 86., Јада и Дамјановски со пласман на 108. и 111. место на спринт-класик