ЛК – 1/16 финале (реванши): Барди со Трабзон на гости кај Базел, Тричко и АЕК Ларнака на мегдан со Днипро -1

66

Денеска и во Лигата на Конференции се играат возвратните мечеви од 1/16 финалето. Во ова натпреварување имаме двајца наши интернационалци. Енис Барди со својот Трабзон ќе му гостува на Базел, во првиот меч турскиот тим славеше со 0:1.

Image

Со иста таква предност пред реваншот ќе биде и тимот на Иван Тричковски, АЕК Ларнака. Кипраните со Македонецот во тимот вечерва играат во Кошице, на неутрален терен, против Днипро-1 од Украина.

Во продолжение можете да ги видите сите двојки за денеска од реванпите во 1/16 финалето во Лигата на Конференции.

ДВОЈКИ ЗА ДЕНЕСКА

18:45 Ч:

Андерлехт – Лудогорец (0:1)

Клуж – Лацио (0:1)

Днипро 1 – АЕК Ларнака (0:1)

Партизан – Шериф (1:0)

21:00 Ч

Базел – Трабзонспор (0:1)

Фиорентина – Брага (4:0)

Гент – Карабах (0:1)

Лех – Бодо/Глимт (0:0)

*Во загради се резултатите од првите мечеви

ПретходноЛЕ – 1/16 финале (реванши): Светот очекува нов спектакл од Јунајтед и Барса!
СледноКрумислав Ѓоргиев ќе суди на Струга ТЛ – МЃП