Вецлар влезе во серија од четири порази во низа во Бундес-лигата. Тимот за кого настапува македонскиот репрезентативец, Филип Кузмановски, а помошник тренер е Филип Миркуловски на домашен терен беше поразен од Ерланген со 28-35 во рамките на 21 коло.
Оваа средба гостите ја решија уште во првото полувреме кога поведоа со 14-17.
Македонскиот репрезентативец средбата ја заврши со три гола од пет обиди, додаде уште две асистенции.
Вецлар е над зоната за испаѓање во Бундес-лигата со само девет бода.
Фото: Фејсбук/Филип Кузмановски