Борусија (Д) „лапна“ уште еден фудбалер за џабе

466

Борусија Дортмунд комплетираше уште едно засилување. По вчерашната вест дека Бенсебаини од Борусија (М) ја заврши работата околу потпишувањето на договорот со „милионерите“, денеска нова информација се однесува на играчот на Ајнтрахт, Даичи Камада.

Камада е еден од најдобрите јапонски фудбалери и настапува за Ајнтрахт каде се стекна со статус на незаменлив играч, оправдано има огромен интерес за неговите услуги, а по истекот на договорот во јуни ќе потпише за Борусија.

Без обештетување Дортмунд носи уште еден одличен играч од Бундеслигата, кој подоцна има потенцијал за милионски трансфер.

ПретходноБританската влада ќе формира тело за зачувување на историската вредност на фудбалските гиганти
СледноВерстапен најбрз на првите тестирања пред стартот на сезоната во Формула 1