Верстапен најбрз на првите тестирања пред стартот на сезоната во Формула 1

415

Светскиот шампион Макс Верстапен постигна најдобро време на првиот ден од претсезонските тестови во Формула 1. Холанѓанецот беше единствениот возач кој возеше во целиот прв ден од тренингот на патеката Сахир во Бахреин.

Втор на крајот од првиот ден беше новиот возач на Астон Мартин, Фернандо Алонсо, кој беше за 0,029 секунди побавен од Верстапен. Шпанецот го постигна својето рекордно време во последниот час од тренингот, кога сонцето веќе зајде.

Триото на крајот од првиот ден од тестирањата го комплетираше Карлос Саинц од Ферари.

ПретходноБорусија (Д) „лапна“ уште еден фудбалер за џабе
СледноКелце и вторпат подобар од Нант