Гвардиола: Можеби ќе полудам па во реваншот ќе играм со девет напаѓачи!

1354

Манчестер Сити синоќа, на првиот меч од 1/8 финалето на гости кај Лајпциг одигра само 1:1. И не само што не победи туку се чини дека се спаси од пора. Составот на Пеп Гвардиола не беше на висината на задачата.

По мечот, очигледно нервозен, на пресот стратегот на Сити рече дека Лајпциг не е тим на кого така лесно може да му се даваат голови:

Јас жалам ако некои мислеа дека ние ќе дојдеме тука и лесно ќе победиме со 4:0. Видете, Лајпциг е одличен, квалитетен тим. Во оваа фаза од ЛШ играат само најдобрите екипи. Треба да се знае дека нам ова ни беше четврти натпревар за само десет дена“ рече Пеп.

Фактот дека тој во текот на целиот натпревар не направи ниту една замена, беше повод за многу коментари.

“Mожеби ќе полудам па во реваншот ќе одиграм со девет напаѓачи“ дополни стратегот на Сити.

ПретходноЛШ: Лукаку за победа на Интер, Лајпциг и Сити одиграа реми (видео)
СледноЧалханоглу за инцидентот меѓу Онана и Џеко: Ова е ЛШ, сите сме под некој адреналин, на крајот се смеевме! (ФОТО)