Во пресрет на вечерашниот дуел од елиминационата фаза од Конференциската лига од 18:45 часот, помеѓу екипите на Партизан и Шериф, домашните навивачи популарните Гробари синоќа нападнале помала група на гостински фанови.
Четворица навивачи од Молдавија пристигнати во Белград биле нападнати пред еден супермаркет во близина на стадионот на Црвена Звезда. Двајца од нив биле посериозно повредени и се пренесени во болница, а останатите двајца минале само со плесни повреди. Вреди да се спомене дека навивачите не носеле обележја на клубот, што е уште поиндикативно и на руски јазик барале објаснување зошт се случува ова. Секако дека не го добиле, туку добиле ќотек. Ова секако не е прв инцидент на домашни и гостински навивачи во Белград, каде што се случуваа и убиства на оваа тема во минатото.