Дебелко ама го реши Порто: Лукаку има 103 кг, затоа е на клупа!

430

Во тековната сезона, без разлика дали Интер игра во Серија А или ЛШ, Ромелу Лукаку обично е на клупа и влегува во игра во второто полувреме. Така беше и синоќа на мечот со Порто во ЛШ, влезе во игра во вториот дел, а во финишот со убав гол му донесе победа на својот тим од 1:0.

По мечот на прашање на новинарите зошто Лукаку не е во стартните единаесет, свој коментар имаше директорот на Интер, Бепе Марота:

Како да биде кога е дебел, кога има 103 кг. Со таа тежина тој не може да биде максимално спремен. Секој што сака да биде стартер мора да биде максимално подготвен, а Лукаку засега тоа не е. Го чекаме да се врати во потребната форма“ посочи Марота.

ПретходноИ Дарко Панчев е за Џајиќ: Природно е тој да биде претседател на ФСС!
СледноКошаркарите во Левице ја кројат својата судбина во претквалификациите за ЕП 2025!