Инзаги: Знаеме дека има уште многу натпревари пред нас

146

Екипата на Интер го направи првиот чекор кон 1/4-финалето во Лигата на шампионите откако го совлада тимот на Порто со 1:0 синоќа на домашен терен. Стрелец на голот беше Ромелу Лукаку , но тренерот Симоне Инзаги не пропушти да го пофали целиот тим кој го одработи натпреварот. 

„Сите одиграа добро, на тимот му требаше придонес од секого на теренот. Знаеме дека има уште многу натпревари пред нас оваа сезона. Секој ќе ја добие својата шанса“, изјави Инзаги па додаде.

„Игравме добро против многу физички силен тим. Жал ми е што не успеавме да реализираме некои од шансите што ги имавме веќе во првото полувреме и искористивме неколку шанси по паузата. Сакавме да постигнеме нешто повеќе, но и покрај тоа нашиот настап беше одличен“, додаде Инзаги.

 

ПретходноКрумислав Ѓоргиев ќе суди на Струга ТЛ – МЃП
СледноЖезус е блиску до кам-бек на терените!