Италијанските екипи растурија во првите мечеви од 1/8 финалето во ЛШ!

132

Три меча, три победи. Ете тоа е резултатот на клубовите од Италија во првите мечеви од 1/8 финалето во Лигата на Шампионите. Ова е невиден успех на клубовите од Серија А. Вакво нешто во групната фаза им се нема случено во историјата.

Да потсетиме, Интер го победи Порто со 1:0, Наполи на гости славеше кај Ајнтрахт Франкфурт со 0:2, додека Милан дома го совлада Тотенхем со 1:0.

За разлика од клубовите од Италија, тие од Премиерлигата не забелажаа ниту една победа на четирите средби. Три порази и само едно реми, она вчера на Манчестер Сити на гостувањето кај Лајпциг.

 

ПретходноКошаркарите во Левице ја кројат својата судбина во претквалификациите за ЕП 2025!
СледноЛЕ – 1/16 финале (реванши): Светот очекува нов спектакл од Јунајтед и Барса!