Ракометарите на Келце славеа на гостувањето кај Нант со 33:30 во претпоследната рунда од групната фаза во ЛШ. Овој натпревар беше резултатско значење, бидејќи Келце веќе има обезбедено директен пласман во четвртфиналето, додека нант ќе мора да се обиде низ осминафиналната фаза.
Во составот на Полјаците, денеска одличен меч имаа Морито и Сичко кои реализираа по 6 гола, но одличен придонес имаа и Наи, Карачиќ и Д. Дујшебаев кои постигнаа по 4 гола. Кај Нант најефикасен беше Ривера со 7 гола.