Енис Барди и Трабзонспор завршија со европските настапи, откако вечерва на гости против Базел загубија со 2:0 и не успеаја да ја одбранат предноста од првиот меч од 1:0. Трабзон беше демолиран од Амдуани кој погоди за водство во 13. Минута, а потоа Зекири да ја донесе големата победа во 76. минута.
Барди беше на клупата и доби шанса во последните 10. минути.
По оние 4:0 на првата средба, Фиорентина вечерва славеше и дома над Брага, но овој пат со 3:2. Со оваа победа Италијанците продолжуваат во осминафиналето.
Лех, пак, со многу мака дојде до победа од 1:0 над Бодо, за пласман во следната рунда. Натпреварот беше решен во вториот дел, кога Полјаците напаѓаа во бранови. Микаел Ишак го искористи центаршутот во 63. минута кога постигна гол за 1:0, што беше доволно за пласман во следната рунда.
ПЛЕЈ-ОФ, КОНФЕРЕНЦИСКА ЛИГА
Базел – Трабзонспор 2:0 (0:1)
Фиорентина – Брага 3:2 (4:0)
Гент – Карабах 1:0 (0:1)
Лех – Бодо 1:0 (0:0)