ЛЕ: Фред и Ентони и пресудија на Барселона, Рома преку Салцбург во осминафинале (ВИДЕО)

257

Во реваншот од осминафиналето во Лигата на Европа, Манчестер Јунајтед на свој терен ја победи Барселона со 2:1 и успеа да се пласира во следната рунда од ова натпреварување, додека Каталонците се збогуваа со Европа за оваа сезона.

Каталонците први поведоа уште во 18. Минута, кога Алехандро Балде падна во шеснаесетникот на Јунајтед по дуелот со Фернандеш, а судијата Турпин покажа на белата точка. Роберт Левандовски, со многу среќа успеа да го совлада Де Хеа за водство на Барселона од 1:0.

 

Манчестер Јунајтед брзо израмни на почетокот на вториот дел. Во 47. минута домашните одиграа фантастична акција, по која Фред постигна одличен гол за 1:1. Во 73. Минута фудбалерите на Јунајтед ја искористија збрката во одбраната на Барселона, топката на крајот стигна до резервистот Ентони, кој извонредно погоди за 2:1 и големо славје на Олд Трафорд.

 

Рома славеше со 2:0 над Салцбург и ја надомести негативата од 1:0 од првиот меч на гости. Белоти прв погоди во 33. Минута, а конечните 2:0 беа дело на Дибала.

Унион Берлин оствари голема победа против Ајакс на домашен терен (3:1), со што ја изненади фудбалската јавност и избори пласман во следната рунда од натпреварувањето.

ПЛЕЈ-ОФ, ЛИГА НА ЕВРОПА

Манчестер Ј. – Барселона 2:1 (2:2)

Рома – Салцбург 2:0 (0:1)

Рен – Шахтјор 1:0 (1:2)

Унион Б. – Ајакс 3:1 (0:0)

ПретходноКелце и вторпат подобар од Нант
СледноКЛ: Барди и Трабзонспор поразени и елиминирани од Базел (ВИДЕО)