Ливерпул му спрема отказ на Јирген Клоп!

489

До пред некои 3-4 месеци никој ни во сон, па ни најзагрижените фанови на славниот Ливерпул не можеше да претпостави дека во тековната сезона “редси“ ќе бидат очај. Дека уште на полусезоната ќе ја загубат битката за титулата во ПЛ, дека уште на првиот меч од 1/8 финалето во ЛШ ќе бидат елиминирани по тие срамни 2:5 од Реал Мадрид и тоа на нивниот „Енфилд“.

Исто така ни фудбалскиот свет, а ни самиот стратег Јирген Клоп, не можеа да претпостават дека раководството на Ливерпул не само што размислува туку и му спрема отказ. Германецот кој на “редси“ им ја донесе титулата во ПЛ по три децении, кој за неколку сезони го однесе тимот во три финалиња во ЛШ, а едно и освои, и тоа како е пред отказ.

Се чини магијата на Јирген заврши.

Само прашање е дали ќе му се остави да ја “доигра“ сезоната или набргу ќе биде одлучен дека тој е бивши. Вчера раководството на клубот, еден ден по тие срамни 2:5 имаше состанок зад затворени врати, а тема секако дека беше што да се прави со Клоп, барем според медиумите од Островот.

ПретходноЧалханоглу за инцидентот меѓу Онана и Џеко: Ова е ЛШ, сите сме под некој адреналин, на крајот се смеевме! (ФОТО)
СледноТака е кога добиваш 200 милиони евра по сезона: Роналдо со сабја во рацете, во чест на С. Арабија! (ФОТО+ВИДЕО)