Така е тоа кога за една сезона добиваш најмалку по 200 милиони евра по сезона, па затоа ќе мораш да позираш и за националниот празник на С. Арабија, и тоа со сабја во рацете.
Ете, тоа го прави Кристијано Роналдо деновиве во Ријад. Позира и снима видеа на кој тој е во преден план, се разбира заедно со останатите играчи и дел од раководството на Ал Наср, клуб кој го направи најплатен спортист во историјата на една земја и тоа традиционална арапска облека.
Ова е исто како на пример Лео Меси да биде облечен како француски војник и да учествува на парадата по повод денот на Франција. Или Лука Модриќ да биде во шпанската гарда по повод денот на Шпанија.
Ете, тоа е сега Кристијано Роналдо, така лесно не се добиваат 200 милиони евра по сезона.
Happy Saudi #FoundingDay Everyone 🇸🇦💚
That's how we celebrate this special day at @AlNassrFC 🤩
pic.twitter.com/3XmXPJtcar— AlNassr FC (@AlNassrFC_EN) February 22, 2023