Литванскиот тренер Шарунас Јасикевичиус е на работ на отказ во Барселона. Тој неколку пати се жалеше дека нема доволно добар играчки кадар, а на Управата на клубот му здодеа да ги слуша неговите поплаки.
Барса изгуби од Уникаха во четвртфиналето на Купот на кралот, во Евролигата не се добри и имаа неколку киксови иако се второпласирани, а медиумите на големо пишуваат дека Шарунас нема да остане во клубот па дури и ако ја освои Евролигата.
Во случај на титула во Евролигата договорот автоматски му се продолжува, но Барселона веќе размислува на клупата да донесе друг стратег. Едно решение е Серџо Скариоло, долгогодишниот селектор на Шпанија кој оваа сезона го води Виртус. Второто решение е Чави Пасквал кој ги предводеше „каталонците“ од 2008 до 2016 година и ја освои Евролигата во 2010 година.
А како трето решение се споменува Јака Лаковиќ, некогашниот плејмејкер на Барселона кој тренерската кариера ја почна во Б тимот на Барса, а сега ја предводи Гран Канарија.