Кошаркарите во Левице ја кројат својата судбина во претквалификациите за ЕП 2025!

167

Македонската кошаркарска репрезентација денеска (18 часот) во Левице и гостува на Словачка во претпоследниот меч од претквалификации за Европското првенство 2025 година.

Избраниците на Александар Јончевски се лидери на табелата во групата Д со максимални осум бода, победа ќе значи заверка на местото кое води во квалификациите за континенталното натпреварување.

И овој пат ростерот не е комплетен, го нема Ненад Димитријевиќ, кој поради обврски со Уникс Казан во ВТБ-лигата ќе го прескокне и овој циклус, а истото се однесува на Андреј Јакимовски, кој е во САД, и исто не може да одговори на повикот.

Можеме да го повториме резултатот од Скопје со Словачка. На ова гостување дојдовме со перфектен скор, тука секако веќе ни припаѓа и улогата на фаворит. Атмосферата во тимот е одлична, ситуацијата е таква што ни треба победа на еден меч за да обезбедиме сигурно прво место и пласман во понатамошната фаза. Тренираме добро, немавме голем период да се подготвиме, меѓутоа повеќето играчи се знаеме, тука е и Ти-Џеј Шортс кој е огромно засилување за нас, тоа го покажа претходно. Одиме на победа и на позитивен исход, кој ќе ни ја донесе следната фаза“– истакна Адем Мекиќ пред вечерашниот дуел во Левице.

Од претходниот собир, Македонија е засилена за името на Ти-Џеј Шортс, кој се покажа како добра свежина на плејмејкерската позиција, благодарение на него „црвено-жолтите“ го задржаа победничкиот тренд.

Кошаркарите на Македонија, Словачка ја добија на домашен терен со 79-75, противникот беше подобар во првото полувреме, но по одморт се случи и пресврт за победа.

Доколку пак не успеат да дојдат до нов триумф на оваа средба, следната шанса нашите момци ќе ја имаат во Осло против Норвешка, меч кој се игра за три дена.

ПретходноДебелко ама го реши Порто: Лукаку има 103 кг, затоа е на клупа!
СледноИталијанските екипи растурија во првите мечеви од 1/8 финалето во ЛШ!